„Секогаш им велев дека сакам да станам дедо“ Тончи Хуљиќ проговори за бременоста на Хана со Грашо

ИЗВОРНов Лист
|

Познатиот хрватски музичар Тончи Хуљиќ не крие дека е среќен што наскоро ќе стане дедо.

– Тончи, ти кажа ли некој – ќе станеш дедо? – Тончи доби прашање во емисија.

– Eј, не ми кажувај ништо, ги гледам тие сликите. Постојано велам – сакате веќе да ме направите дедо? Тогаш кога дојде тој момент, малку ме фати паника. Јас сум човек кој секогаш планира на долги патеки. А што сега кога станавте „дедо“? Сега само чекам – „прадедо“ – рекол Хуљиќ.

Неговиот одговор го следеше и пејачот Петар Грашо, кој чека дете со ќерката на Тончи, Хана.

Тој се осврна на среќната вест дека ќе стане татко.

– Ми требаше извесно време, како и веројатно на секој човек, да станам свесен за оваа прекрасна информација и сега живееме во слатко исчекување. Кога ја затвораме вратата од нашата куќа, живееме како сите нормални семејства кои чекаат новороденче – рекол Петар.

Што се однесува до менувањето пелени, тој имаше подготвен одговор:

– Мислам дека има и други членови од ова семејство кои треба да прогуглаат како се прави тоа.