Македонската фолк пејачка Ирена Спасовска долги години беше во брак со водителот Орце Гелевски, тие важеа за еден од најстабилните парови во естрадата. По распадот на нивниот брак водителот проговори на оваа тема и вели дека не е воопшто лесно да се продолжи понатаму по толку време поминато со некоја личност.
– Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина. Во врската со Ирена вложив многу. Оставив зад себе сопруга и две деца, и се посветив максимално, верував дека ќе ми биде возвратено со иста мера, со љубов и посветеност. Но, ете животот ме демантираше. Ова ми беше животна лекција која скапо ја платив, но продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката. Не ме прашувајте која е причината поради која се разделивме, доволно се објави во порталите на таа тема.
– Да, неверство, но не од моја страна. Не сакам повеќе да се навраќам на тоа што било и поминало, само ќе кажам дека јас имав голема верба во нашата врска, во која што влегов со искрени емоции. Жртвував многу, а добив една животна лекција.