Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници.
Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.
Во моментов Македонски Телеком има потреба од кандидати за работа на следните работни позиции:
1.Техничар во Сервисен оперативен центар – Тим Струмица (локација Радовиш) со минимум ССС и со или БЕЗ искуство.
Квалификации: Средно образование; Со и без работно искуство; Возачка дозвола- Б-категорија; Монтажерски и инсталациски компетенции на телекомуникациски кабли (бакар и оптика) и кабли LAN; Работа со компјутери (MS Office) и работа со апликации за оперативно работење.
(линк за повеќе детали и аплицирање со клик ТУКА)
2.Продажен претставник во продавница – Скопје, Кичево, Битола и Куманово
(линк за повеќе детали и аплицирање со клик ТУКА)