Игор Џамбазов сподели апел за неговиот татко маестро Александар Џамбазов

|

Утре ќе се одржи Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов, во Фоајето на Националната опера и балет во 10 часот, а неговото последно испраќање на градските гро бишта во Бутел во 12 часот.

Неговиот син, Игор Џамбазов, во објава на Инстаграм се заблагодари за подршката и убавите зборови и извести дека пог ребот ќе биде од затворен тип, заради протоколите.

„Драги пријатели. Утре ќе го испратиме во вечноста татко ми Александар, вашиот омилен маестро, чичко Ацо, Џамбаз… Комеморацијата ќе биде во МОБ во 10 часот, а погребот во 12 часот. Семејството Џамбазови ви благодари за подршката и убавите зборови. Ве известуваме дека пог ребот ќе биде од затворен тип, се заради протоколите. Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, ќе можете да го направите тоа од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање.
@cardula ти благодарам за ова…“, напиша Игор на неговиот инстаграм профил.