„Поздрав од Хана и Катја“: Наташа Беквалац покажа каква порака добила од нејзината ќерка додека снимала видео

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката откри што се случува во нејзината куќа додека нејзините ќерки се сами.

Пејачката Наташа Беквалац на социјалните мрежи откри дека вчера монтирала спот за нова песна, а за тоа време во нејзината куќа се случувал вистински циркус.

Ќерките на Наташа, Хана и Катја останаа дома и ја искористија приликата додека мама не беше таму за да си позајмат шминка и да цртаат на лицето. Секако, пејачката немала поим што се случува додека не ја добила пораката на Хана која ја објави на социјалните мрежи и ги насмеа сите.

Здраво, мамо, уживај во монтирање на видеото! Се најдобро. Поздрав од Хана и Катја“, напишала постарата ќерка на Наташа и испратила фотографија од Катја која била цела ишарана на лицето, но со огромна насмевка.

Погледнете ја пораката што ја доби Наташа, но и слика од малата Катја: