Цеца ја поткачи Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“: „Не знаеш бидејќи не си се мажела досега“

|

Во саботното издание на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ дојде до жестока кавга меѓу Марија Шерифовиќ и Цеца Ражнатовиќ додека коментираа една кандидатка.

Имено, кандидатките Шејла Хујдур и Кристијана Јосиќ се натпреваруваа во дуел.

Кандидатката на Марија, Шејла се претстави со песните „Круна“ и „Не остављај трага“.

Ана Бекута беше единствена која не даде глас во овој дуел.

-Не дадов глас. Шејла душо се слуша твојот талент, но мора многу да работиш да не бидеш агресивна додека пееш, таа агресивност можеш да ја искористиш во некоја теретана. Првата песна беше поагресивна. Втората песна беше подобра во интерпретација, изјави Бекута.

Снежана Ѓуришиќ имаше поразлично мислење.

-Не сакам да го коментирам мислењето на колегите, но мислам дека не заслужувате ист број на гласови. Шејла е апсолутна доминација, изјави Снежана, а со тоа се согласи и Цеца.

-Имајќи во предвид дека Шејла сама ги бираше песните и сама се подготвуваше, јас сум задоволна. Taa имаше исклучок бидејќи се мажеше. Немав 100% разбирање, не мораше да дојдеш на денот на свадбата, но можеше да дојдеш кога се пробува венчаницата, изјави Шерифовиќ.

На овој коментар Цеца ја поткачи  Марија:

-E не може, не си се мажела досега и не знаеш, одговори Ражнатовиќ.

фото: принтскрин/јутуб