Аки Рахимовски добива улица во центарот на Скопје

ИЗВОРНов Лист
|

Една улица во центарот на Скопје ќе го носи името на фронтменот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски, најави скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Таа на Фејсбук напиша дека вчера иницирала Град Скопје да донесе одлука една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги, пишува Арсовска во објавата.

Роден е во Ниш во 1955 година, но набрзо со семејството се преселил во Скопје, каде што израснал. Тој беше пејач на Парни Ваљак од основањето на рок бендот во 1975 година.