Модуларните болници засега нема потреба да се отворат

|

Модуларните болници засега нема да бидат активирани за хоспитализација на болни иако секојдневно има четирицифрени бројки на новодијагностицирани.

Министерот за здравство уверува дека засега слободни места има со отворање на центрите на кожно и неврологија, иако неофицијално проблем е и недостатокот на кадар поради стотици заразени медицински лица.

-Да има заразени, меѓутоа ние имаме акционен план подготвено. На ниво на држава се трудиме пациентите да ги згрижиме на ниво на болниците и засега нема потреба од модуларните, изјави Беким Сали министер за здравство.