Промена на љубовниот план за раковите, стабилна ситуација за шкорпиите – Викенд Хороскоп (29-30.01.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Ви се чини дека многу е тешко професионално да се истакнете, без грижа ќе дојдат и вашите пет минути. Не ви се допаѓа ставот кој саканата личност го има кон вас. Можна е сериозна расправа.

Бик (21.04 – 21.05)

Прекинете ја соработката со деловниот партнер доколку се сомневате во неговите одлуки, не е потребно постојано да премолчувате. Во љубовта препорака е добро да размислите пред да го повлечете следниот потег.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекуваат лоши вести поврзани за некои недвижнини или земјиште. Не се чувствувате сигурно и сакано покрај вашиот партнер. Во вашиот однос преовладува тензија.

Рак (22.06 – 22.07)

Престанете да се потпирате на среќата кога станува збор за работата. Засукајте ги ракавите. Ве очекува драстична промена на љубовен план, нормално кон подобро.

Лав (23.07 – 22.08)

Некој ќе ве измами кога станува збор за работа. Ќе поверувате во нечии слатки зборови и ќе си ја загрозите финансиската ситуација. Доколку личноста која е со вас не ви одговара во целост, не ја користете, кажете и го тоа отворено.

Девица (23.08 – 22.09)

Неповолен ден за донесување на големи одлуки. Оставете ги сите важни нешта за наредната недела. Ќе делувате нервозно и несигурно, па саканото лице ќе дојде до заклучок дека нешто со вас не е во ред.

Вага (23.09 – 22.10)

Наглите промени на финансиски план ќе направат да се чувствувате несигурно и незадоволно. Сметате дека саканото лице би требало да ве поддржува буквално во се, но размислете дека и тоа има свое мислење.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во кариерата ви нараснуваат проблемите. Доаѓате до една таква состојба во која не ќе можете да излезете на крај со обврските. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажете од нешто. Во љубовта ситуацијата е стабилна.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Обрнете им внимание на сигналите кои вашите колеги ви ги упатуваат. Не ги игнорирајте нивните предупредувања. Чувствувате емотивен немир. Имате чувство дека сте во некаков вид на љубовен ребус со саканото лице.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ви претстојат пријатни деловни разговори. Иако во тајност повлекувате некои потези, вашиот труд и залагање на работното место не поминале незабележано. Наскоро ќе бидете наградени.

Водолија (21.01 – 19.02)

Многу нешта ви задаваат проблеми, редно време е да ја промените политиката. Помеѓу вас и партнерот ќе се појават одредени несогласувања. Потребно е да имате позитивен став.

Риби (20.02 – 20.03)

Една женска личност може да одигра значајна улога во ублажувањето на непремостливите разлики во мислењето меѓу членовите на вашето семејство. Ова подобрување на расположението ќе ја поврати вашата раздрмана самодоверба.