Погледнете какви трикови користат компаниите за производите да изгледаат прекрасно на реклама(ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Иако сите знаеме и сме свесни дека производите на реклама и во реалност често знаат да бидат две сосема различни појави, погледнете со какви неверојатни трикови се служат светските компании за да го достигнат совршенството кое го гледаме!

Одличен извор на протеини и замена за месо: Одлични причини зошто би требало да го внесете модриот патлиџан во исхраната

Модриот патлиџан, познат по силно виолетовата боја, потекнува од Индија и се консумира веќе 3.000 години, а потоа се проширил и во Европа во 14 век.

Веганската кујна го препознава како одлична алтернатива за месо, бидејќи е добар извор на протеини.

Свежиот модар патлиџан во 100 грама содржи само 24 калории, додека сварен содржи 35, а е богат извор на влакна, особено на целулоза, која е добра за дигестијата, изобилува со витамини Б1, К, Ц, А и фолна киселина.

Приготвување на модриот патлиџан:
Најдобриот начин на приготвување на модриот патлиџан е да го испечете на скара, на пареа или да го похувате. Доколку го похувате, треба да внимавате, бидејќи со самото тоа и калориската вредност значително ќе се зголеми. Првите две опции се значително поздрави.

Кога одбирате модар патлиџан, стиснете го за да проверите дали е зрел. Доколку кората се врати на место, значи дека е зрел, а ако остане вдлабната, се’ уште не е добар за приготвување.

Чувајте ги на температура од околу 10 степени Целизусови. Сечете го и лупете го непосредно пред приготвувањето, бидејќи брзо ќе се расипе ако „месото“ му е откриено.

Горчливиот вкус на патлиџанот можете да го неутрализирате ако користите сол пред готвење. Исечете го патлиџанот на посакуваната големина, па посолете ги парчињата и оставете го да отстои така 30 минути, па горчливиот вкус ќе исчезне.

Патлиџанот се комбинира со голем број производи, а се смета и дека ги балансира сите други вкусови.