Вкусен неделен ручек готов за 30 минути

|

Недела е ден кога треба да имате вкусен ручек, но и доволно време за семејството. Затоа, ви нудиме рецепт за ручек кој не одзема многу време, а притоа ќе имате можност да уживате во нешто ептен вкусно…

Потребни состојки:

400 гр брокула, 300 гр чадено пилешко филе, 100 гр ситно сецкан сушен домат, 150 гр кисела павлака со 20 % масленост, 1 јајце, 100 гр рендан кашкавал, 10 гр рендан пармезан, црна бибер, сол, маслиново масло.

Подготовка:

Исчистете ја брокулата, исечете ја на парчиња и динстајте ја во солена вода неколку минути, само внимавајте да не се распадне. Откако ќе ја тргнете од оган, прелијте ја брокулата со студена вода и оставете ја добро да се исцеде. Помешајте ги кашкавалот и пармезанот. Во сад изматете ги јајцата и павлаката и додадете црна бибер и сол по желба и вкус. Во сад за печење кој ќе го намачкате со маслиново масло, наредете ја брокулата, пилешкото и сувите домати. Прелијте ги со смесата од павлака и јајца, па одозгора ставете ја мешавината од кашкавалот и пармезанот.

Печете во загреана рерна на 200 °C околу дваесет минути. Наш совет е да печете под фолија.