Готвачот Рус Адамс од Вашингтон открил зошто пред конкретната храна во рестораните, посетителите добиваат пецива, переци или леб, а одговорот е всушност многу логичен. Своето мислење го споделиле уште некои корисници.
“Како прво, од ваквите пецива ќе бидете жедни, а со тоа ќе нарачате повеќе пијалаци, што во превод значи и подобра заработка. Второ, лебот или било што слично ја придвижува дигестијата и од него само дополнително огладнувате. Токму затоа се случува луѓето да нарачаат повеќе отколку што можат да изедат, а подоцна да кажат дека избрзале со нарачките. Последната причина е тоа што кога луѓето во рестораните имаат занимација, што во овој случај е јадење леб, тогаш не се здодевни и помалку ги бараат келнерите”, напишал Адамс.
Ова прашање на “Quora” има над 100 одговори, а еве уште неколку објаснувања зошто рестораните прво послужуваат леб и пецива:
“…Се сложувам со тоа кога нешто ќе добиете, сигурно ќе го запаметите и повторно ќе се вратите во истиот ресторан. Можеби ќе оставите и поголем бакшиш”, напишал еден корисник.
Помеѓу одговорите се нашол и Џо Колела кој некогаш бил сопственик на ресторан и го споделил своето искуство:
“Повеќето луѓе премногу размислуваат за одговорот. Единствената причина зошто им служевме леб на гостите пред главното јадење е да се забави самата нарачка, односно готвачите да имаат време да припремат сè. Да заклучиме, ова нема никаква врска со љубезноста на келнерите, едноставно го користат овој трик поради себеси”.
Кимберли Луис која работела како келнерка открила дека лебот има само манипулативна улога:
“Во италијанскиот ресторан каде што работев, имавме околу две минути на сите да им послужиме леб откако ќе седнат. Моравме да ја пресметуваме количината и да ја зачиниме. А потоа моравме во рок од пет минути да им донесеме нов леб, ако постоечкиот го изеле. Зошто? Бидејќи посетителите се многу напорни. Ова е всушност само средство. Кога ќе седнете и чекате, сè се чини уште подолго, а лебот ги окупира луѓето. Да скратиме: лебот се сервира затоа што посетителите се нетрпеливи”.