Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лудилото и ѓаволот – Помолете му се

|

Денеска е Св. Антониј Велики. Именден празнуваат: Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони

Свети Антониј е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра.

Еден ден во црква ги слушна зборовите: Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот.

Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови.

Во текот на многу години ги помина сите скалила на духовниот живот и со својот живот стана пример за сите монаси до денешен ден. Се успокои мирно на свои 105 година, во 356 година.

Празникот Св. Андон во Гевгелиско се сметал за тежок празник и аталија, празник за лу дите луѓе. Особено св. Андон се сметал за заштитник од лудилото и од ѓаволот. Таму каде што тој ќе се јавел ѓаволот морал да бега далеку 24 часа.

Еднаш ѓаволот дошол кај св. Андон и почнал да тропа на вратата. Сакал да влезе и да го залаже да не оди во црквата. Но св. Андон го здрвил пред вратата и ѓаволот пук нал.

После ова кога некој боледува од лудило покрај постелата му ја ставаат иконата на св. Андон. Било од каква болест да боледува човек покрај Евангелие му носат и икона од св. Андон и веруваат дека ако му е за ум ирање ќе ум*е, а ако му е за станување ќе оздрави.