Теа Таировиќ ги разгневни Македонците: На настап во Бугарија ја промени песната Македонско девојче (ВИДЕО)

|

Српската пејачка која Теа Таировиќ која во последно време ја нарекуваат уште и кралицата на бакшишот, моментално е во подем и важи за една од најбараните во регионот, меѓутоа по овој потег ретко кој во Македонија би ја поканил повторно да гостува.

Пејачката ја налути македонската јавност откако на настап во Бугарија го промени текстот на прекрасната македонска песна „Македонско девојче“.

Имено, Таировиќ од засега непознати причини ја разочара целокупната македонска јавност со тоа што на еден од последните свои настапи предизвика скандал откако познатата македонска песна „Македонско девојче“ ја испеа со следните стихови:

-Нема нема, не ќе се роди поубаво девојче од Бугарче…

Видеото можете да го погледнете на линкот со клик ТУКА.

Таировиќ само од еден настап може да заработи и неколку илјади евра, каде и да се појави прави одлична атмосфера пред се’ поради одличниот изглед, а досега важеше за многу популарна и во Македонија, каде постојано настапуваше во клубовите и дискотеки, а колку Македонија е застапена на нејзиниот репертоар доволно покажува фактот што пејачката за Новогодишната ноќ настапуваше токму во нашата земја. Македонците после се се гневни што таа на ваков начин ги омаловажи во соседна Бугарија.