Пред десет дена пејачката Адел објави дека ги откажува сите концерти во Америка, но сега се шпекулира дека причината за неодржувањето на концертот е нејзиното момче Рич Пол.
Имено, Адел требаше да настапи во Лас Вегас од јануари до април, а многу фанови веќе ги купија билетите. Таа го откажа првиот од серијата концерти ден пред настапот, што предизвика големо незадоволство.
Мирор пишува дека Адел откажала серија концерти поради љубовна драма со спортскиот агент Рич Пол.
Извори за странските медиуми тврдат дека Адел плачела за време на пробите и ги прекинала за да може да се јави телефонски со Пол, поради наводните љубовни проблеми кои моментално ги имаат.
“Адел плачеше и не можеше да заврши ниту една проба. Постојано беше во контакт со Пол. Викаше и силно плачеше. Едвај вежбаше бидејќи доживеа слом”, тврди изворот.
Веднаш по откажувањето на концертот, папараците ја фотографирале пејачката како се качува во авион за Лос Анџелес, каде живее нејзиното момче.