Хороскопски знаци кои ќе ви го скршат срцето

ИЗВОРНов Лист
|

До сега сме имале многу примери кои ни покажале дека хороскопскиот знак навистина има големо влијание на личноста, неговите карактеристики, начинот по кој се однесува со останатите, а денес за сите оние кои веруваат во Хороскоп, ќе им кажеме од кој знак да се чуваат, бидејќи овие знаци се во состојба да ви го парчосаат срцето, буквално…

Овен – Припадниците на овој знак ги води страстта. Затоа немојте да се изненадите, ако Овенот неочекувано ве напушти за жена или маж со кој/која чувствува поголема хемија.

Бик – Родените во овој знак се верни и посветени. Сепак, ако Бикот ве изневери, тоа ќе биде само од физичка природа, само секс, без емоции и тоа најчесто ако вас често ве боли глава. И бидејќи овој знак е исклучително верен и од вас ќе го бара истото.

Близнаци – Шансите дека припадниците на овој знак ќе отидат подалеку од безопасен флерт се многу мали. Близнаците уживаат да флертуваат, но тоа е се. Ако Близнакот ве изневери, тоа е знак дека вашата врска завршила одамна.

Рак – Ракот нема ни да помисли на неверство, доколку во врската од човекот што го сака, го добива потребното внимание и љубов.

Лав- Со оглед на тоа дека лавовите секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, за нив слободно можеме да кажеме дека се знакот со кој треба многу да се внимава. Големи се шансите да ве изневери, затоа, за да си помогнете, играјте топло ладно, за да го задржите неговиот интерес. Лавот не трпи монотонија.

Девица – Слично како и Ракот, Девицата никогаш не би ве изневерила, ако не и дадете многу добра причина за тоа. Меѓутоа, ако нејзините потреби ги занемарите, неверството за Девицата станува сосема нормална реакција на вашата акција.

Вага – Романтична Вага е прилично поштен знак, врската ја сваќа сериозно и не е склона на неверство. Од друга страна, Вагата сака да кокетира и да флертува, мошне е дружељубива, па без да сака, безопасниот флерт може да отиде предалеку.

Шкорпија – Ова се најсексапилните знаци и се мирни само кога вистински се вљубени. Но ако не се вљубени и ако сексот со партнерот им стане досаден – внимавајте! Шкорпијата без проблем ќе скокне во нечиј туѓ кревет за една ноќ, а тоа никогаш нема да ви го признае. Ако сакате да ја задржите Шкорпијата не дозволувајте сексот да премине во рутина.

Стрелец – Тие се склони на неверство. Секогаш ќе сакаат авантури, дури и кога се во среќна и исполнета врска. За нив неверството не е ништо страшно, но затоа пак многу полесно простуваат неверство за разлика од останатите знаци. Со истата леснотија ќе ви простат, како што ќе ве изневерат.

Јарец – Родените во овој знак припаѓаат во групата најверни знаци. Дури и ако некој им го привлече вниманието, тие нема да си дозволат ни безопасен флерт. Јарците го доживуваат неверството како емоционално предавство.

Водолија – Водолијата не изневерува ако искрено љуби и во случај кога знае дека партнерот тоа нема никако да му го прости. Кога Водолијата изневерува тоа го прави со човек кој е крајно различен од човекот со кој е во врска.

Риби – Припадниците на овој знак се склони на фантазирање. Ако им стане досадно во врската, тие ќе се замислуваат себеси си како уживаат со друг човек. Рибите знаат кога треба да застанат, но останува вечното прашање, дали еден ден Рибата ќе се вљуби во човекот за кој фантазира?