Откако ги разгневни Македонците Теа на Инстаграм објасни која е причината поради која го сменила текстот

ИЗВОРНов Лист
|

Српската пејачка која Теа Таировиќ која во последно време ја нарекуваат уште и кралицата на бакшишот, моментално е во подем и важи за една од најбараните во регионот, меѓутоа по овој потег ретко кој во Македонија би ја поканил повторно да гостува.

Пејачката ја налути македонската јавност откако на настап во Бугарија го промени текстот на прекрасната македонска песна „Македонско девојче“.

Имено, Таировиќ од засега непознати причини ја разочара целокупната македонска јавност со тоа што на еден од последните свои настапи предизвика скандал откако познатата македонска песна „Македонско девојче“ ја испеа со следните стихови:

-Нема нема, не ќе се роди поубаво девојче од Бугарче…
Пејачката по големиот број негативни реакции се огласи на инстаграм.

Таировиќ вели дека вечерта на нејзиниот настап имало и Бугари и Македонци, додека пак за стихот тврди дека го изменила поради убава девојка од публиката.

Таа додава дека воопшто не се занимава со политика и дека не ја интересираат политичките случувања ниту во нејзината држава, ниту во другите држави.

Пејачката потенцира дека на нејзиниот нареден албум ќе се најде песната со назив „Македонија“ со која како што таа вели сака да оддаде почит и благодарност за љубовта која ја добива од македонската публика.

Целостното видео можете да го погледнете со клик ТУКА.