Три земјотреси го стресоа охридското подрачје

ИЗВОРНов Лист
|

Три земјотреси биле регистрирани во охридско-струшкиот регион синоќа пред полноќ. Последниот бил регистриран во 23:05 часот со магнитуда од 2,4 степени по Рихтер. Претходно, регистрирани беа земјотреси со јачина од 2,6 и 2,5 степени по Рихтер.

Епицентралното подрачје на земјтресите беше 11 километри североисточно од Охрид, односно, Пештани-Охрид-Струга, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресите биле почувствувани и во Ресен и Струга.