Викендов Шпанците избраа песна која ќе ја претставува нивната земја на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Торино. Станува збор за песната SloMo на пејачката Шанел.
По изборите, многумина почнаа да пишуваат на социјалните мрежи дека песната е плагијат на српската пејачка Дара Бубамара и нејзината песна Екстравагантно, која беше објавена во 2017 година.
„Ова ми звучеше познато. Се работи за Дара Бубамара која ја објави песната екстравагантно пред четири години. Нема да кажам ништо повеќе“, е еден од коментарите на Твитер.
Пејачката ја објави приказната на Инстаграм и рече „Малку ме ископира“.
„Не знаев дека Дара Бубамара оди на Евровизија“, „Вистинската завера би била Дара на крајот да ја претставува Шпанија на Евросонг“, напишаа многумина.
Сепак, некои напишаа дека песната SloMo не е плагијат.
Инаку, автори на песната на Шанел се Лерој Санчез, Ибере Фортес, Меги Сабо, Кит Харис и Ајен Тонен. Шанел е пејачка и танчерка по потекло од Куба, а од својата четврта година живее во Шпанија.