|
Др. Александар Петличковски е нов претседател на комисијата за Заразни болести, потврдија за Телма здравствените власти.
Петличковски е директор на Институт за имунологија во кој за време на пан*емијата се вршат тестирања, анализи и истражувања поврзани со реакцијата на анти-тела на оздравените како и за соевите на заразата присутни во Македонија.
Др Злате Мехмедовиќ е назначен за лице надлежно за односи со јавноста во име на комисијата.
Досегашен претседател на Комисијата за заразни болести беше др. Жарко Караџовски.