|
Две битолски средни училишта, како што велат, оправдано, второто полугодие го почнаа со онлајн настава, додека останатите средни и основни училишта наставниот процес го продолжуваат со физичко присуство.
Наставата од дома ќе ја реализираат учениците и наставниците од средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“ каде во завршна фаза е голем реконструктивен зафат на гимназијата, како и во средното економско училиште „Јане Сандански“ каде се врши обнова на фасадата и дограмата.
Второто полугодите во останатите основни и средни училишта, како и во државното средно музичко училиште утрово во Битола почна без пречки во наставниот процес и со почитување на мерките за заштита.