ИЗВЕСТУВАЊЕ: На 01.02.2022 година од 13:12 часот на патниот правец Кичево – Битола кај м.в.„Прибилечки кривини“, сообраќајот е во прекин во двата правци, поради случена сооб раќајна нез года.
ЗАБРАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ТМВ: Од 15:55 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато.
Од 15:30 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир поради обилни врнежи од снег.
Од 06:20 часот на потегот Маврово – Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.
Од 7:45 часот се воведува забрана за сообраќај на ТМВ на патниот правец Струга – Ќафасан.
Од 08.30 воведена е забрана за тешки моторни возила и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Од 10:00 часот на потегот Охрид – Пресека – Кичево и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.
СОСТОЈБА:Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со кашест снег. Во поголемиот дел од државата врне снег, а во одредени региони и дожд.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ОДРОНИ: На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.