Венера, планетата на љубовта, денес излегува од ретроградна и ги зголемува нашите шанси на емотивен план
Бидејќи Венера е во Јарец, сепак тоа е комбинација од одговорност и пресметка, па сите знаци пресметуваат колку задоволство ќе им донесе одредена врска.
Венера, Марс и Плутон во Јарец градат специфичен аспект, што ќе предизвика одредени знаци да се сретнат со љубовта на својот живот. Ова се средби кои ви го менуваат животот, па затоа треба да бидете подготвени за изненадувања.
ОВЕН – Љубов на работа! Ве привлекуваат организирани, амбициозни и успешни луѓе. Доколку сте во брак, не го оптоварувајте партнерот со проблеми на работа.
БИК – Љубов на патување. Разведените бикови имаат шанса да го запознаат својот следен партнер. Промената на средината може да донесе неочекуван пресврт во љубовта.
БЛИЗНАЦИ – Почнавте интензивно да фантазирате под влијание на Јупитер во Риби. Ќе имате средба со личност која ќе ви го промени погледот на светот.
РAK – Тапкатево место. Сте фрлиле око на личност позната на пошироката јавност. Не знаете како да се однесувате во нејзина близина.
ЛАВ – Бракот како институција не ви значи ништо и имате нов вредносен систем. Вие сте еден од знаците кои целосно ќе се сменат оваа година.
ДЕВИЦА – Работите на заеднички живот и проширување на семејството. Доколку сте слободни, излегувањето на забава може да ви донесе неверојатна средба.
ВАГА – Не сте емотивно задоволни, бидејќи партнерот не е во романтична фаза. За да ви се случи љубов, треба да почекате до март кога Венера ќе влезе во вашиот знак.
ШКОРПИЈА – Лесно можете да запознаете сродна душа. Таа личност е во вашата област или можеби дури и во соседството. Ќе имате флерт преку пораки и апликации за допишување.
СТРЕЛЕЦ – Љубов преку пораки! Тоа не е нешто што ќе ве израдува, но погрижете се да закажете состанок што е можно поскоро. Ве привлекуваат оригинални луѓе.
ЈАРЕЦ – Од сите знаци на зодијакот, Венера ви го приреди најголемото изненадување токму вам. Не само што не размислувате за работа, туку сте опседнати со саканата личност. Уживајте.
ВОДОЛИЈА – Имате тајна симпатија. Тоа не е паметна идеја, но не можете да одите против тоа.
РИБИ – Препуштете се на доброто влијание на Јупитер. Треба само да отидете кај саканата личност. Имате шанса да стапнете на „лудиот камен“ или да го проширите семејството.