Се караме кога ќе кажам нешто – Харис Џиновиќ за провокативните објави на ќерката – Тажно е што децата ги воспитуваат мрежите

ИЗВОРНов Лист
|

Џина е многу популарна на социјалните мрежи, но со тие работи не се согласува нејзиниот татко Харис Џиновиќ.

Иако ќерката на Харис Џиновиќ, Џина Џиновиќ привлекува големо внимание во јавноста со своите активности на социјалните мрежи, што не му се допаѓа на нејзиниот татко Харис Џиновиќ, познатиот пејач се помири со тоа дека имаат различни сфаќања и ја пушти да си оди по својот пат.

Џина често споделува совети со своите врсници на интернет, но објавува и свои провокативни фотографии.

„Има разни видови на провокации, не можам да ја спречам, можам да кажам нешто, па да се скараме за тоа. Најголемата трагедија е што нашите деца ги воспитуваат социјалните мрежи“, изјави Харис за медиумите.

„Тие ги земаат мобилните во раце и тие ги едуцираат. Мобилниот е главната работа во однос на образованието. Еве, таа седи во мојата соба и не излегува цел ден да види што правиме. Разбирам дека постарите и родителите не се интересни тоа беше и кај нас, едвај чекавме да им го видиме грбот. Меѓутоа има и други работи неможеш 24 часа да бидеш на телефон ќе ти испаднат очи и после тие слики и објавување на Инстаграм и така натаму. Ако тоа е главната преокупација, тогаш не сум паметна“, изјави пејачот.