Компаниите што добија помош со антикризните мерки – ако не ги исполниле условите треба да вратат дел од парите

|

Владата писмено ги предупреди менаџерите на компаниите што користеа финаниска поддршка преку шестиот пакет антикризни мерки дека дел од парите ќе треба да ги вратат назад во буџетот ако не ги исполниле условите целата сума што ја добија како помош да биде претворена во грант.

Според владиното соопштение компаниите каде останал истиот број на вработени ќе треба да вратат 20 отсто до добиената сума, а онаму каде што бил намален бројот на вработени ќе треба да вратат 50 отсто од сумата што ја добија како финансиска поддршка.

Сепак, од Владата нема инфорамција, дали и колку компании што добија буџетска поддршка во пан*емијата, ќе треба да враќаат дел од парите.