Светлана Цеца Ражнатовиќ стави крај на едногодишната врска со помладото момче Богдан Срејовиќ. Кон средината на јануари минатата година во јавноста протече веста дека балканската музичка ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот белградски угостител Богдан Срејовиќ се во љубовна врска.
Оваа врска започнала непосредно порано, но поради честите заеднички настапи со пријателите низ градот стана забележлива. Во претходниот период Светлана и Богдан поминуваа многу време заедно, а одредени моменти од љубовната приказна покажаа и на социјалните мрежи. Сега пак, не изненади информацијата дека е ставен крај на оваа врска, што српски Телеграф ја дозна од извор близок на оваа двојка, а подоцна и од самите тие кои не сакаа да даваат изјави и да кажат ништо поконкретно за оваа тема.
Она во што беа едногласни беше:
– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот, се наведува во заедничкото соопштение.
Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само минато, што значи не се работи за вмешување на трето лице во нивната врска.