Поради дефект без вода делови од Центар

|

Поради уличен дефект на водоводната мрежа  на улица „Петар Поп Арсов“, број 40, прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и дел од корисниците од улиците: „Костурски Херои“, „Борка Талески“, „Петар Поп Арсов“, „9 -ти Мај“, „Христо Смирненски“, „Роза Луксембург“ и „Васил Стефановски“.

Поради санација на дефект на затварач Ф-80 милиметри на улица „Даме Груев“ бб, зграда на ИНТЕКС, утре без вода ќе бидат корисниците на оваа улица на потегот од крстосницата со „Димитрие Чуповски“ до полициска станица Беко во центарот на Скопје.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8 часот и ќе трае се до санирање на дефектот.