Мили ја донесе оваа пејачка како засилување – Таа има хит на годината, а еве што ќе прави со кандидатите

ИЗВОРНов Лист
|

Еден од членовите на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Александар Милиќ Мили реши да донесе засилување во својот тим.

Имено, тој ја избра пејачката Сузана Бранковиќ која понатаму со своите соработници од школата за пеење ќе му помогне да ги обучи кандидатите кои учествуваат во шоу програмата.

За моите кандидати ангажирав школа за пеење предводена од феноменалната Сузана Бранковиќ која ја слушате во хит филмот „Тома“ . Во мојот тим ќе се занимаваат со техника, дишење, дикција, гласовно наметнување и се што е потребно за кандидатот да добие пејачка сила и неговата вистинска изворна гласовна боја. И јас … ќе направам ѕвезди од нив!“, напиша Мили на Инстаграм.

Инаку, Мили не е единствениот кој донесе засилување за својот тим. Да потсетиме, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ ја ангажираше својата колешка Ивана Питерс, која и помага подобро да ги подготви кандидатите за настапот. Исто така, Вики Миљковиќ има помош од сопругот  Иван Ташковиќ Ташка, додека на Ана Бекути и помага Милош Марковиќ.