Ја напуштила ординацијата среде полнење на усните – Ова е причината

ИЗВОРНов Лист
|

Во желбата да разубават или променат нешто во себе, жените се одлучуваат за разни естетски корекции. Најмногу се работи за полнење на усните, па често наидуваме на успешни или помалку успешни промени.

Меѓутоа, прилично необична ситуација и се случила на Харим Шах, ѕвезда на ТикТок од Пакистан, која снимила видео и објаснила што се случило со нејзиниот доктор по естетска хирургија.

Имено, таа отпатувала од Пакистан во Велика Британија за да ги зголеми усните со филери, но од ординацијата излегла со само една пополнета страница.

Докторката ја започнала процедурата кога Харим добила известување дека против неа е покрената истрага за потеклото на парите.

Претходно ѕвездата на TikTok сподели видео во кое покажа големи суми на пари, кои, како што се испостави, направија проблем.

– Денеска отидов на лекар да ми стави филери во усните. Ја започна естетската корекција кога го добив повикот и дознав дека полицијата ми ги замрзнала сите банкарски сметки – раскажува Харим во видео.

Нејзината одлука била да ја напушти канцеларијата бидејќи не можела да плати за услугата. Сепак, таа заврши со отечена страна од горната усна, бидејќи си заминала на сред процедура.

Харим го напуштила Пакистан и отпатувала за Велика Британија, но со себе имала поголема сума на пари од дозволеното.

Во видеото во кое ја објаснува непријатната ситуација, таа ги предупредува другите добро да прашаат со колкава сума можат да ја поминат границата, за да не ја доживеат непријатноста што таа ја доживеала.