Скопјани подгответе се: Повеќе населби без вода вечерва и утре

|

Со прекинато водоснабдување вечерва од 21:00 часот ќе бидат корисниците на дел од населба Ченто, информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект ф250мм на ул.„Сава Михајлов“ крак 10 бр.2а и ќе трае до санирање на дефектот.

Прекин во водоснабдувањето денеска од 14:15 часот имаат дел од корисниците од населбата Бутел. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „Рокомија“ бб во населба Бутел.

Исто така од ЈП Водовод и канализација известуваат дека поради поврзување од стара на нова мрежа од Ф-1цол на Ф-80 мм на ул.Сердарот раскрсница со Ратко Митровиќ во населба Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Сердарот и Ратко Митровиќ, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:20 часот до санирање на дефектот.