Викендов повторно дожд и снег

|

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утре во текот на ноќта во северозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег.

Како што соопштија од УХМР, за време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Температурите ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен северен ветер. Во понеделник попладне ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.

Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува пообилни да бидат во западните делови.