Евровизија 2022: Вечерва ќе дознаеме кој нè претставува во Торино

|

Вечерва во 21 часот и 15 минути во емисијата „Стисни Плеј“ на Македонската радио телевизија, ќе биде објавен победникот кој ќе оди оваа година на Евровизија, односно ќе бидат објавени резултатите од гласањето за победничката песна која ќе нè претставува на натпреварот.

Оваа година имаше новитет во изборот, при што македонскиот претставник се избираше онлајн од страна на граѓаните, а во потесниот круг влегоа шестмина кандидати.

Калина Велковска или Kaly со песната „Love and Light“, Јон Ајдини или Yon Idy со песната „Dreams“, Лара Иванова со песната „Flowers of Sorrow“, Виктор Апостоловски со „Superman“, Андреа Коевска со песната „Circles“ и Борис Цветановски или Ris Flower со песната „Flying to Berlin“.

Македонскиот претставник ќе биде избран со комбинација од гласовите на публиката и меѓународното жири. Односно 50% – 50%.

Платформата за гласање е отворена седум дена од промоција на песните и истата завршува вечерва. Доколку сè уште не сте гласале, а вашиот глас можете да го дадете на следниов линк со клик ТУКА.