Олеснети мерки за влез на Македонците во Бугарија, Косово и Норвешка

|

Се олеснуваат мерките за влез на државјаните на Република Северна Македонија во Република Косово, Кралството Норвешка како и во Република Бугарија.

Со најновата одлука на Владата на Косово, се укинува барањето за нашите државјани при влез да приложат потврда за примена трета доза против болеста. Со новата одлука која ќе стапи на сила почнувајќи од утре, нашите државјани можат да влезат во Косово доколку поседуваат сертификат за примени две дози против болеста, или една доза но со ПЦР тест.

Норвешка им ги укина ограничувањата за влез на наши државјани, при што сепак продолжува да се бара пополнување на формулар за регистрација пред влегување во Норвешка (https://reg.entrynorway.no/) како и задолжително приложување на негативен ПЦР тест направен 24 часа пред влез во Норвершка, доколку лицето е постаро од 18 години и не поседува валиден сертификат за им*низација или за прележана болест.

Олеснети мерки за влез и во Бугарија, кои предвидуваат приложување на еден од следните документи: сертификат за примени две или три дози; сертификат за прележана болест; негативен ПЦР; или негативен антиген тест.

Повеќе информации на следниот линк со клик ТУКА.

Министерство за надворешни работи