Викенд хороскоп: Овните се насочени кон себеси, Лавовите потонуваат во љубовта

|

Овен

Месечината во вашиот знак доминира овој викенд, па така ќе уживате во силна енергија, страст, амбиција и овој период ви носи големи награди. Секстилот меѓу Сонцето во Водолија и Месечината и ви носи оптимизам во вашиот живот. Во попладне се осветлуваат можностите, а секстилот меѓу Сатурн и Месечината ви носи дополнителна среќа. Уживајте, ова е ваш викенд!

Бик

Вашиот живот и мистичните работи се поттикнати од Месечината во Овен овој викенд во вашата дванаесетта куќа. Обрнете внимание на вашите соништа, бидејќи тие ќе бидат посебни живи  и информативни. Кога Месечината е во квадрат со вашата владејачка планета во Венера сабота наутро, ќе имате потреба за друштво и поврзување со другите. Во недела попладне Месечината преминува во вашиот знак, што ќе ви донесе убаво чувство, каде да припаѓате некаде.

Близнаци

Овој викенд ве чека луда забава додека Месечината во Овен ја осветлува вашата единаесетта куќа на пријателство и друштвени односи. Сепак, држете се до темпото, но не заборавајте на одморот. Во недела наутро, Месечината е во квадрат со Меркур. Комуникацијата би можела да биде нарушена, а емоциите силни, па веројатно ќе се чувствувате преоптоварено.

Рак

Месечината во Овен пали оган во вашата десетта куќа на кариера, успеси и достигнувања, па дури и да имате слободен викенд, искористете го за подобрување на вашиот потенцијал и оптимизмот кој доаѓа од секстилот меѓу Месечината и Сонцето во Водолија. Сонувајте големи соништа, правете големи планови и составете листа на обврски. Она што ќе го замислите, лесно ќе го имплементирате во реалноста во текот на следната недела.

Лав

Месечината во Овен во вашата деветта куќа прави одлична хармонија со огнената енергија на Лавовите, додавајќи вистинска искра која поттикнува нова авантура и позитивни промени. Месечината е во секстил со вашата владејачка планета Сонцето во вашата седма куќа на партнерства. Вибрациите ќе бидат силни со вашите блиски личности и немојте да бидете изненадени ако работите станат романтични овој викенд. Само уживајте во љубовта.

Девица

Девиците ќе бидат чувствителни овој викенд, додека Месечината во Овен престојува во нивната одма куќа на скриени мистерии и психички способности. Дозволете и на вашата интуиција да владее со вас и слушнете го вашето тело. Во недела наутро, Месечината ќе биде во квадрат со вашата владејчка планета Меркур па ако се чувствувате нерасположени и емотивни, бидете љубезни кон себеси и дајте си време за себе.

Вага

Месечината во Овен престојува во вашата седма куќа на партнерства и ја разгорува вашата страст. Квадратот меѓу Месечината и вашата владејачка планета Венера во сабота наутро ќе направи да бидете малку нерасположени и раздразнети, но треба да знаете дека тоа ќе помине, бидете добри кон себеси.

Шкорпија

Месечината во Овен силно ја осветлува вашата шеста куќа на здравје, навики и рутини, давајќи ви можност да размислите колку се грижите за себеси. Дополнително, ќе добиете можност да направите промени и да бидете задоволни со тоа. Недела наутро, квадратот меѓу Месечината и Плутон може да ви донесе промени во расположението, но бидете подготвени да ги преземете работите во свои раце.

Стрелец

Ова е викенд кога ќе се чувствувате како да сте на врв на светот и дека ова е ваше време. Секстилот на вашата владејачка планета Јупитер и Марс ви носи убаво и хармонично расположение. Дополнително Месечината во Овен ве исполнува со идеи, оптимизам и креативни можности, но и љубов од околината.

Јарец

Можеби овој викенд ќе треба да гасите пожари во домот додека Месечината во Овен ја поттикнува вашата четврта куќа на домот и семејството. Емоциите се силни, што ќе ви донесе предизвик да најдете заеднички јазик. За среќа, Месечината во сабота е во секстил со вашата владејачка планета Сатурн што ви носи практичност и приземјување, но и бестрашност да се зафатите со своите животни опции. Притоа, пробајте да се насочите кон себеси, а да го решите конфликтот со членовите од семејството.

Водолија

Исполнети сте со огнена енергија, оптимизам и силни амбиции додека Месечината престојува во Овен и ја осветлува вашата трета куќа на комуникација, врски и заедница. Водете сметка за односот кон себеси, но најдете и начин да се поврзете со другите. Ако имате потреба од помош, побарајте поддршка од другите.

Риби

Можеби ќе почувстувате потреба да поминете време во самотија овој викенд додека Месечината во Овен ја осветлува вашата куќа на оптимизам, финансии и можности. Наместо да трошите, насочете ја таа енергија кон себеси и на просперитетот кој сакате да го постигнете. Имате длабока желба да им помогнете на другите и да се занимавате со некаква хуманитарна работа, па вложете го своето време и во тоа ако тоа ќе ви помогне да се чувствувате добро.