Претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините снег- Временска прогноза за 7.2.2022

ИЗВОРТелма
|

Новата работна седмица ќе ја отпочнеме со претежно облачно,а попладне врнежливо време. На пониските места врнежи ќе бидат од дожд, а на планините снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува во должина на Повардарието. Утринската температура на повеќе места ќе биде околу 0°C, а дневната ќе се движи во интервал од 4 до 12°C

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 7 часот изутрина (во см)

40 Маврови Анови, 30 Попова Шапка, 22 Крушево, 21 Пожаране, 15 Ѓуриште, 2 Берово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (измерени во 7 часот денеска)

-4 Берово, Попова Шапка, -2 Струмица, -1 Скопје-Петровец, Штип, Маврови Анови, 0 Тетово, Битола, Виница, Kрушево, 1 Крива Паланка, Прилеп, Претор, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 3 Охрид, 6 Дојран, 7 Гевгелија

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!