Александар Белов прослави роденден и по тој повод ја објави првата фотографија со ќеркичката Мина

|

Македонскиот пејач Александар Белов оваа година на Василица првпат се реализираше во улогата на татко. Имено, тој и неговата сопруга Јелена добија ќерка за која го одбраа името Мина.

– „13.01.2022 Ти благодариме Боже што ни дозволи да станеме родители … @ jelena.belov ти благодарам што ни ја донесе нашата нова заедничка љубов … Се роди Мина Белов!“ – напиша пејачот.

Деновиве Белов имаше убав повод за славење, односно неговиот роденден.

Токму поради тој повод, тој на социјалните мрежи ја објави првата фотографија со наследничката како ја држи во раце и позира пред роденската торта на која има го свеќичка со број 35.

-А што би посакал повеќе од ова? Јас го добив животниот подарок, напиша тој покрај фотографијата.