Канје Вест почна да шири неверојатни озборувања за новото момче на Ким Кардашијан

ИЗВОРНов Лист
|

Пред неколку дена американските медиуми објавија дека раперот и дизајнер Канје Вест наводно шири неосновани гласини за Пит Дејвидсон во круговите на познатите личности, со кои неговата бивша сопруга Ким Кардашијан неодамна е во врска.

Откако Ким Кардашијан започна врска со Пит Дејвидсон, Канје Вест не крие колку сето тоа му изгледа тешко, иако наводно е среќно вљубен во актерката Џулија Фокс.

Досега му се закануваше на новото момче на Ким во песна, направи скандал затоа што не му дозволија да присуствува на роденденската забава на нивната ќерка Чикаго, а потоа сепак се појави на неа, неодамна ја нападна Ким на Инстаграм, не престанува да изразува лутина затоа што нивната најстара ќерка Норт има профил на социјалната мрежа Тик Ток …

Неодамна, сепак, се појавија информации кои дури и на Канје му изгледаат неверојатни – да шири гласини за Пит Дејвидсон. Тој наводно тврди дека новото момче на неговата сопруга  е геј.

– Канје им кажува на сите околу него, се шушка дека Пит Дејвидсон e геј. Искрено, ова го слушнав од осум луѓе. На сите им кажува! – изјави неодамна Јутјубер и диџеј Академикс.

Извори на порталот Сикс открија дека Канје, покрај тоа, им кажува на луѓето околу себе дека Пит Дејвидсон е зависник и дека на „сите што сакале да го слушаат“ им рекол дека младиот комичар и актер е геј.

Откако минатата сабота Ким Кардашијан (41) го бакна Пит Дејвидсон (28) во скеч пред камерите за време на гостувањето во Saturday Night Live, тие беа видени како се држат за раце додека се возат во забавен парк. Парот оттогаш е речиси неразделен, а често се гледаат како заедно излегуваат од куќата на Ким, посетуваат ресторани.