Календар на МПЦ: Утре се празнува Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст

|

Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст

Златна труба на Православието. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13 ноември и на 30 јануари. А на овој датум се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Комане, каде што го напушти овој свет како прогонет, во Цариград, каде што порано како патријарх управуваше со Црквата.

Кога се навршија триесет години од неговото заминување, патријархот Прокло одржа еден говор во спомен на својот духовен отец и учител и со тој говор толку ја разгоре љубовта на народот и на царот Теодосиј Помладиот кон големиот Светител, што сите посакаа Златоустовите мошти да се пренесат во Цариград. Се раскажува дека ковче гот со моштите никако не можеле да го помрднат од местото додека царот не му напиша писмо на Златоуст молејќи го за прошка (бидејќи мајката на Теодосиј, Евдоксија, беше виновна за прогонството на Свети Јован) и повикувајќи го да дојде во Цариград, неговата некогашна резиденција. Кога ова покајно писмо го положиле на ковче гот, тој ков чег станал сосем лесен.

При преносот мнозина болни кои се допреа до ковче гот со моштите на Св. Јован оздравеа. Кога моштите стасаа до престолнината, тогаш царот повторно молеше над моштите на Светителот прошка во име на својата мајка, и тоа како самата таа да говори: „Додека живеев во минливиот живот направив зло, а сега, кога ти живееш во бесм ртноста, биди полезен на мојата душа. Мојата слава помина и не ми помогна ни малку; ти, оче, помогни ми во твојата слава, пред да бидам осудена на Судот Христов!“

Кога Светителот го внесоа во црквата на Светите апостоли и го поставија на патријаршискиот престол, тогаш маса народ од неговите усни слушна: „Мир на сите!“ Преносот на моштите на Свети Јован Златоуст беше извршен 438 година.

Тропар
Крин благомирисен, благоухание ни подари, на твоите чесни мошти, о Јоване Златоусти, туку благодатта Божја во тебе нетрулежност во вечноста покажа, трубо Божја која поука за спасение донесува. Миомиру кој Господа со човека го помирува, од нашите усти денес славопеење прими, за пат кон животот вечен преку простување на нашите гревови.

Преподобен Тит Печерски

Најнапред беше вој ник, па кога во една битка го ра нија во главата, се повлече во Печерскиот манастир, оздраве и се замонаши. Времето го минуваше во непрестајно оплакување на своите гревови. Пред заминувњето од овој свет беше известен преку некое небесно објавување дека гревовите му се простени. Моштите му почиваат во Теодосиевите пештери.