Романтични, силни, активни: Најважните квалитети на луѓето родени во февруари

|

Луѓето родени во февруари се многу романтични, но и многу одговорни и вредни луѓе. Еве пет интересни факти за луѓето родени овој месец.

Тие имаат спортски дух – Како луѓето родени во јануари, така и луѓето родени во февруари, имаат спортски дух. Ова е поради фактот дека нивните мајки за време на својата бременост биле изложени на летните сончеви зраци, со што витаминот Д влијаел на неродените деца.

Тие се романтични – Луѓето родени во февруари се шармантни и романтични партнери. Венера управува со нив, така што тие се познати и како добри љубовници.

Тие се силни и издржливи – Луѓето родени пред 24 февруари, се карпи во хороскопот – стабилни и цврсти. Оние кои се родени на крајот на месецот се риби, и поради тоа се многу страсни, верни, но и тврдоглави.

Работно ориентирани – Родените во овој месец се грижат за своите работни обврски и задачи. Кога ќе започнат нешто, мора да го завршат. Нивниот среќен камен е опал или турмалин. Опалот честопати се поврзува со среќата.

Тие имаат долг живот – Луѓето родени во овој месец, често живеат до 100 години. Оние што се родени во февруари имаат најголема шанса да доживеат длабока старост.