Ким за врската со Канје: „Направив се за другите да бидат среќни, но сега ја избрав мојата среќа“

ИЗВОРНов Лист
|

Ким Кардашијан (41) се појави на насловната страница на магазинот „Вог“ и во таа прилика го коментираше односот кој го имала со раперот Канје Вест (44).

– Толку долго го правам она што ги радува другите луѓе и мислам дека во последните две години решив да се усреќам себеси. И тоа е навистина добро чувство. Дури и да создаде промени и да го предизвика мојот развод, мислам дека е важно да бидете искрени со себе за тоа што навистина ве прави среќни – изјави Ким за Vogue.

– Можеш да бидеш повреден или лут на бившиот партнер, но мислам дека на децата секогаш треба да им се кажува „Татко ти е најдобар“. Ситуацијата е доволно тешка за нашите деца, а опсесијата на Канје да ја контролира и манипулира целата ситуација негативно влијае на сите нас и само ни нанесува уште поголема болка“, вели Ким.

Ким позирала на насловната страница со своите деца, а Канје ги објавил тие фотографии на својот профил и го моли семејството повторно да се обединат.

„Боже, обедини го нашето семејство“, гласи описот под објавата на Канје, а многумина веруваат дека Канје бара прошка од Ким.

Да потсетиме, Канје и Ким веќе некое време се расправаат на социјалните мрежи за присуството на нивната ќерка на TikTok бидејќи Ким го поддржува тоа, но Канје не.

Раперот смета дека на едно дете нема место на социјалните мрежи, па дури тврди дека се согласуваат и неговите пријатели кои премногу се плашат од Кардашијан за јавно да го поддржат.