Се продаваат правата на „Господар на прстените“ и „Хобит“: Вкупна вредност проценета на 2 милијарди долари

ИЗВОРНов Лист
|

Компанијата која ги поседува правата на најпознатите дела на Ј. Р.Р. Толкин, одлучи да ги стави тие права на аукција. Тие вклучуваат филмски, телевизиски и гејмерски права на „Господарот на прстените“, „Хобит“ и постхумно објавените дела „Силмарилион“ и „Незавршени приказни за Нуменор и Средната Земја“.

Според последната проценка, вкупната вредност се проценува на 2 милијарди долари. Со продажбата ќе раководи инвестициската банка ACF, а за откуп на правата се заинтересирани неколку холивудски студија.

Инаку, самата аукција доаѓа во годината кога на платформата „Amazon Prime Video“ ќе се емитува серијата „Господарот на прстените“. Првата епизода ќе биде во септември.

Инаку, компанијата води правна битка и со студиото „Ворнерс брадерс“, кое исто така поседува одредени права на „Господарот на прстените“, преку сопственост на компанијата „Њу лајн синема“, што ја продуцираше трилогијата на Питер Џексон.