Старлетата Ана Корaќ постојано се фали со својот луксузен живот на социјалните мрежи, а кога ќе ја прашаат од каде пари за сето тоа, таа не престанува да изненадува со своите изјави.
Покрај скапите автомобили, луксузните дестинации, ексклузивни хотели и кафулиња, старлетата сака да ужива и во брендирана облека.
Сега таа на Инстаграм објави фотографија на која позира во луксузен костум на светски познат бренд, а цената е висока.
Корач издвоил 1.370 фунти , околу 100.000 денари за чизми, а 25.700 долари, околу 1.390.000 денари за дуксер од крзно. Згора на се, старлетата донела чанта вредна 5.200 долари.
Инаку, таа престојувала во хотел на Копаоник, каде ноќевање чини околу 12.500 денари.
Многумина се прашуваат од каде парите на старлетита, со оглед на тоа што таа моментално нема никакво занимање и дека животот целосно и се променил по учеството во „Задруга“.
– Родена сум под среќна ѕвезда, ништо не работам, а имам многу пари. Парите ми паѓаат од небо, само така нека продолжи – изјави во една прилика.
Кораќ досега ги зголемила градите, за кои платила 3.500 евра, неколку пати го менувала носот, што ја чинело 7.000 евра, ставила филери во усните – 250 евра, ги зголемила јаготките – 200 евра и платила 800 евра за мачкини очи, и ред други корекции и операции за кои издвоила вкупно 23.750 евра.