Пронајден кумановецот по кој се трагаше

|

Кумановец (71) кој претходно беше пријавен за исчезнат е пронајден во населбата Средорек.

Лицето било со нарушена здравствена состојба и бил пренесен во кумановската болница, соопшти денеска кумановската полиција.

– Денеска во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го пронашле Б.З.(71) за кого на 10.02.2022 беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Тој бил со нарушена здравствена состојба и бил пренесен во општа болница Куманово за понатамошно лекување, посочи полицијата.