Без вода делови од Скопје утре

|

Со цел санирање на дефект, прекин на водоснабдувањето утре ќе имаат дел од корисниците од општина Кисела Вода.

-Без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците: „Киро Крстевски“, „Вера Јоциќ“, дел од улиците „Иван Козаров“, „Божидар Аџија“ и улица „Георги Димитров“, информира јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Корисниците ќе бидат без вода поради дефект на улицата „Киро Крстевски“ бб.