Интересна средба за лавовите, на водолиите ќе се им појави некоја личност од минатото – Викенд Хороскоп (12-13.02.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Интуицијата ви е добра и ќе успеете да направите нешто што посакувате. Бидејќи сакате самостојна работа прифатете некоја работа која можете да ја обавувате во својот дом. Заработката и понатака ви доаѓа преку партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)

Иако ви се чини дека понудата за работа е лоша за вас, ви се советува да ја прифатите. Избегнувајте расправии со партнерот, особено кога станува збор за трошоците. Слободните лица можеби ќе сретнат некоја нова љубов.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате впечаток како да ги решавате проблемите на сите. Емотивно сте неодлучни, може да се случи некое лице да ве искористи. Вистински момент е малку да одморите од случувањата.

Рак (22.06 – 22.07)

Не се ангажирате доволно во работите кои ги обавувате. Малку сте расположени за кавги. Воздржете се и покажете ги своите емоции, па можете да имате бројни препораки во емотивниот живот. Последиците можат да донесат непромислени одлуки.

Лав (23.07 – 22.08)

Неодлучни сте како да се поставите во деловното опкружување, особено со директните и енергични лица. Романтични сте и заљубени. Можете да очекувате интересна средба на некое патување.

Девица (23.08 – 22.09)

Неодлучни сте, а од вас се очекува многу повеќе. Не сте подготвени на ризици. Со лицето кое ви се допаѓа можете да дојдете до судир бидејќи секој на прво место си ги става своите амбиции. Внесувајте повеќе разновидна храна.

Вага (23.09 – 22.10)

Вплеткани сте во различни деловни ситуации, а сега на некој начин барате излез. Една личност има големо влијание на одлуките кои ги донесувате.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Немојте да бидете премногу наметливи, пуштете ги и другите лица да се искажат. Во љубовта избегнувајте го ривалскиот однос со партнерот. Така ништо нема да добиете.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не оставате доволно убедлив впечаток на колегите и соработниците. Во љубовта нема причина да го прикривате вашето нерасположение пред саканото лице.

Јарец (22.12 – 20.01)

Тешки сте за соработка и прилично сте затворени. Паричната ситуација не се поправа и поради тоа го покажувате вашето незадоволство. Поседувате голема доза на издржливост и трпеливост, особено во односот со партнерот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Лошата концентрација може да ве доведе до крупни грешки. Исклучително сте романтични и подготвени да се впуштите во мирните води на љубовта. Постои можност да се појави некоја личност од минатото.

Риби (20.02 – 20.03)

Чувајте се од превртливи луѓе. Би било добро да не полимизирате премногу, туку вашата енергија да ја насочите кон некое лице кое ве иритира. Можна е авантура со некој Рак.