Се казнува на секој чекор – 131 санкции само за еден прекршок (ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на вчерашниот ден (11.02.2022) во периодот од 12.00 до 17.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 131 возач. Од нив, 39 на територијата на СВР Охрид, 38 на територија на СВР Тетово, 20 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Битола…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.