Центарот за култура Битола на својата страна на Фејсбук објави дека на 18 и 19 февруари ќе се одржат концерти во чест на Тоше и Аки. Во соопштението стои:
„Уште една ОДЛИЧНА ВЕСТ. Ламбе Алабаковски кој пристигна од САД, ќе биде наш гостин на листата изведувачи. Ова е уште еден доказ што естрадата може за големите Тоше и Аки.
Еве ја комплетната листа:
Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски и Бојан Стојков. Ѕвезда до ѕвезда за двете ѕвезди на небото Тоше & Аки.
На сцената ќе го имаме и хорот на Државното музичко училиште од Битола Диригент на Камерниот оркестар Битола – IW Connect • Владимир Димовски Два концерти на 18 и 19 февруари“
За час и половина по објавувањето беа продадени билетите за двата концерти.