Шилегов за автобусот од „Ко то тамо пева“: Како баш драги мои ја препознавте градоначалничката во фотографијата

ИЗВОРНов Лист
|

Петре Шилегов, поранешниот градоначалник денеска на фејсбук коментираше во однос на своја објава од вчера на која тој постави стар автобус од филмот „Ко то тамо пева“. Тој им се обрати и на поддржувачите на неговата наследничка но не прокоментира ништо за долговите со кои таа го правдаше потегот да не се набавуваат нови автобуси.

„Во текот на вчерашниот ден постирав фотографија од еден од моите омилени филмови “Тко то тамо пева”. Не споменав ниту име, ниту институција, ниту настан.

Одеднаш на постот, во коментарите, некои ликови започнаа да ја бранат актуелната градоначалничка на Скопје, г-ѓа Арсовска.
И сега имам дилема. Како баш драги мои (данело)бранители ја препознавте градоначалничката во фотографијата ? Што ве испровоцира толку, за неа да ја браните ? Ничим изазвани, што би рекле во филмот.“

Од Градот велат дека автобусите засега не можат да се набават поради тоа што парите што се во градската каса, ќе ги употребат за плаќање на милионските долгови што ги направило претходното градско раководство.