Променливо облачно и посвежо – Временска прогноза за 13.2.2022

ИЗВОРТелма
|

Утре со нешто слична временска состојба на денешната. Ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините слаб снег.

Агропрогноза:

Временските услови во наредната седмица кои носат стабилизирање и затоплување, ќе им овозможат на земјоделците да ги вршат и понатаму резидбите на виновата лоза и овошките, припрема на површините во пластеничкото проиводство и евентуално прихранување на есенските посеви.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-6 Берово, -4 Битола, Тетово, Попова Шапка, -3 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Маврови Анови, -2 Штип, Претор, Дебар, -1 Охрид, Прилеп, Гевгелија, Крива Паланка, 0 Скопје-Зајчев Рид, Kрушево, 2 Куманово, Виница, Дојран.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

30 Маврови Анови, 22 Попова Шапка, 15 Крушево, 10 Пожаране, 3 Ѓуриште.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!