Пола Скопје без струја – прекини се забележани неколку пати

|

Попладнево започнувајќи од 17:20 ча пола Скопје остана без електрична енергија.

Имено, според информациите струја нема во Карпош, Центар, Кисела Вода, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром и Зелениково.

Засега не е познато што е причината, но неофицијалните информации се дека се работи за запален далновод.

На улиците исто така не функционираат ни семафорите, со што се очекува сообраќаен метеж.

Телефоните на ЕВН се исклучени или зафатени, па граѓаните не можат да добијат информација за што се работи, а исто така и падна дел од мобилната и интернет мрежа на еден од оператотите.